Хроника

(ВИДЕО) ВО ТЕТОВО НАСИЛСТВО МЕЃУ МАЛОЛЕТНИЦИ: Деца Македонци се мета на напади од поголеми групи врсници Албанци

(ВИДЕО) ВО ТЕТОВО НАСИЛСТВО МЕЃУ МАЛОЛЕТНИЦИ: Деца Македонци се мета на напади од поголеми групи врсници Албанци
Големи групи деца Албанци напаѓаат свои врсници Македонци во Тетово, а случаите на насилство отвораат сериозни прашања за реакцијата на надлежните институции и училиштата. Дел од нападите се случуваат во близина на училиштата, а некои од инцидентите се снимаат и објавуваат на социјалните мрежи. Видеата се објавуваат на ТикТок, а штом надлежните влезат во трага, голем дел се бришат. Инцидентите се поврзуваат со навивачките групи Војводи и Балисти, но сепак ова во главно се деца кои се поддржувачи на навивачките групи и нема официјален став од ниту една група. Станува збор за малолетници во Тетово, меѓу кои има и деца на возраст од 13 и 14 години.
Според информациите од Центарот за социјални работи и Обвинителството, се разгледува и одговорноста на училишните служби за нивното постапување или непостапување. Според информациите објавени од „Сакам да кажам“, за ваквите инциденти, покрај директните учесници, кривично може да одговараат и психолозите, педагозите и директорите на училиштата доколку не постапувале согласно своите надлежности. Случаите повторно го актуализираат прашањето за безбедноста на учениците и спречувањето на меѓуврсничкото насилство во Тетово.
Жан Митрев