Македонија

ВАЈЦ ЈА ПОВИКА КОС ДА СЕ ВКЛУЧИ: Бугарско-македонскиот спор да не го попречува европскиот процес

Известувачот за Македонија, Томас Вајц, ја повика Марта Кос да вложи дипломатски напори за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија.

ВАЈЦ ЈА ПОВИКА КОС ДА СЕ ВКЛУЧИ: Бугарско-македонскиот спор да не го попречува европскиот процес

Томас Вајц, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, ја повика еврокомесарката за проширување Марта Кос да вложи дипломатски напори за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија. Тој оценува дека билатералните прашања не треба да го попречуваат пристапниот процес на земјата кон Европската Унија. Вајц ја упатил пораката на денешната седница на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Вајц: директниот дијалог е единствениот начин за излез од застојот

Вајц смета дека директниот дијалог меѓу двете влади е единствениот начин за надминување на спорот. Тој посочил дека е потребно Кос да се вклучи со дипломатски ангажман за да се создадат услови за излез од актуелниот застој.

Мотивацијата за разговори не е на највисоко ниво

Известувачот за Македонија оценил дека мотивацијата за разговори меѓу Скопје и Софија во моментов не е на највисоко ниво. Поради тоа, според него, потребни се дополнителни дипломатски напори за повторно придвижување на дијалогот и надминување на билатералниот спор.

Жан Митрев