Регион

ЕВРОПОЛ ЈА БАРА НИНОСЛАВА ЈОВИЌ: Осомничена за грабеж на накит вреден 40 милиони евра

Европол ја бара 41-годишната Нинослава Јовиќ од Ниш, осомничена за логистика на грабежот на накит во Мастрихт. Холандија нуди награда од 20.000 евра.

ЕВРОПОЛ ЈА БАРА НИНОСЛАВА ЈОВИЌ: Осомничена за грабеж на накит вреден 40 милиони евра

Холандските власти интензивно ја бараат 41-годишната Нинослава Јовиќ од Ниш, која се наоѓа на листата на најбарани лица на Европол. Таа е осомничена дека имала логистичка улога во спектакуларниот грабеж на накит вреден околу 40 милиони евра, извршен во јуни 2022 година на саемот за уметност и антиквитети TEFAF во Мастрихт. Во грабежот учествувале четворица мажи од Ниш, поврзани со криминалната мрежа „Пинк Пантер“, кои сред бел ден со чекани ги искршиле заштитните витрини и го однеле скапоцениот накит.

Ѓердан со жолт дијамант вреден 27 милиони евра

Меѓу украдените предмети бил и ѓердан со редок жолт дијамант, проценет на 27 милиони евра. Според истрагата, Јовиќ не учествувала директно во грабежот, туку наводно го организирала бегството на осомничените, обезбедувајќи станови за криење и возила. Истражителите ги следеле автомобилите преку безбедносни камери, а на снимки од паркинг пред хотел биле забележани и две жени во свечени фустани, од кои едната носела црвени сандали.

евра

Награда од 20.000 евра за информации за нејзиното апсење

Европол објави дека Јовиќ има тетоважа со името „Selena“ на десната подлактица и зборот „Faith“ на левата рака, а постои сомневање дека направила и естетски интервенции за да го промени изгледот. Дел од украдените дијаманти биле пронајдени во Израел, Хонгконг и Боцвана, но поголемиот дел од накитот сè уште недостасува. Холандското обвинителство нуди 20.000 евра за информации што ќе доведат до нејзино апсење, додека осигурителната компанија нуди 600.000 евра за пронаоѓање на украдениот накит. Според властите, таа најверојатно се наоѓа во Србија, во близина на Ниш или Белград, но не се исклучува можноста да патува и во други земји.

Жан Митрев