Спорт

„МАРАКАНА“ И „МАКСИМИР“ МЕЃУ НАЈНЕПРИЈАТЕЛСКИТЕ СТАДИОНИ ВО СВЕТОТ: Италијански весник објави листа на 10 арени со најжестока атмосфера

„Кориере дело Спорт“ објави листа на 10 стадиони со најжестока атмосфера. Белградската „Маракана“ е втора, а загрепскиот „Максимир“ десетти.

„МАРАКАНА“ И „МАКСИМИР“ МЕЃУ НАЈНЕПРИЈАТЕЛСКИТЕ СТАДИОНИ ВО СВЕТОТ: Италијански весник објави листа на 10 арени со најжестока атмосфера

Познатиот италијански спортски весник „Кориере дело Спорт“ објави листа на 10 фудбалски стадиони во светот познати по фанатичната навивачка атмосфера, огромниот притисок врз гостинските екипи и историјата на инциденти. На високото второ место се најде белградската „Маракана“, односно стадионот „Рајко Митиќ“, домот на Црвена ѕвезда. Во изборот се најде и загрепскиот „Максимир“, кој ја зазеде десеттата позиција. На врвот на листата е легендарната „Бомбоњера“ во Буенос Аирес, домот на Бока Јуниорс.

Белградската „Маракана“ веднаш зад аргентинската „Бомбоњера“

„Бомбоњера“ е на првото место поради стрмните трибини и жестоката атмосфера, особено за време на дербито против Ривер Плата. Второто место ѝ припадна на „Маракана“, каде што дуелите меѓу Црвена ѕвезда и Партизан се познати по големото ривалство и високите тензии. На листата се најдоа и „Де Кајп“ на Фејенорд, „Рамс Парк“ на Галатасарај, како и стадионот „Ден“ на Милвол. Шестото место го зазеде „Сигнал Идуна Парк“ на Борусија Дортмунд, познат по прочуениот „Жолт ѕид“.

„Максимир“ на десеттото место

Меѓу останатите стадиони се најдоа „Мохамед V“ во Казабланка, Меѓународниот стадион во Каиро и стадионот на Полската армија во Варшава, домот на Легија. Загрепскиот „Максимир“ е на десеттото место, а во описот се посочуваат немирите од 1990 година на натпреварот меѓу Динамо Загреб и Црвена ѕвезда, како и ривалството со навивачката група „Бед блу бојс“. Според италијанскиот весник, овие стадиони се издвојуваат по атмосферата и притисокот што го создаваат домашните навивачи врз противниците.

Маракана

Жан Митрев