Хроника
Дознај прв
(ВИДЕО) ПО 15 ГОДИНИ ПОВТОРНО ПРОРАБОТЕ БАЗЕНОТ ВО ИДРИЗОВО: Инвестиција од 5,7 милиони денари, ќе го користи и единицата „Тигар“
Базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција по 15 години. Во обновата се вложени 5,7 милиони денари, а ќе се користи и за обука на „Тигар“.

По повеќе од 15 години запуштеност, базенот во Полициската академија во Идризово е целосно реновиран и повторно ставен во функција. За неговата обнова биле инвестирани околу 5,7 милиони денари, а работите биле завршени за помалку од три месеци. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот и се увери во неговата функционалност. Во моментот на посетата веќе се вршела проверка на пливачките способности на кандидатите за прием во Специјалната антитерористичка единица „Тигар“.
Базенот ќе се користи за обука и спасувачки вежби
Обновениот објект ќе служи за обука на идните полицајци, специјализирани тренинзи на полициските единици, спасувачки вежби и одржување на физичката подготвеност на службениците. Тошковски истакна дека со инвестицијата се создадени услови базенот повторно да биде дел од професионалната подготовка на полициските службеници. Тој порача дека вложувањето во нивната обука и усовршување значи вложување во посилна полиција и побезбедна држава.
Во базенот се снимал култниот филм „Исправи се, Делфина“
Објектот има и посебно место во македонската филмска историја, бидејќи во 1977 година во него биле снимани сцени од култниот филм „Исправи се, Делфина“, инспириран од спортскиот подвиг на Атина Бојаџи. Повторното ставање во функција е дел од пошироките инвестиции во Полициската академија, која во изминатиот период е обновувана, а повторно е вратено и Средното полициско училиште. Од МВР најавуваат продолжување на инвестициите во инфраструктурата, опремата и условите за работа на полициските службеници.
ПО 15 ГОДИНИ ПОВТОРНО ПРОРАБОТЕ БАЗЕНОТ ВО ИДРИЗОВО: Инвестиција од 5,7 милиони денари, ќе го користи и единицата „Тигар“ https://t.co/q6Bd5gEbde
— 24chasa.mk (@24chasamk) November 4, 2026

