Хроника
Дознај прв
ВНИМАВАЈТЕ, СЕ ШИРАТ ЛАЖНИ КАРГО ЛИНКОВИ: Граѓанин измамен за 100 евра преку Вибер

Нова интернет измама кружи преку апликацијата Вибер, каде граѓаните добиваат сомнителни линкови кои наводно се поврзани со карго-компанија. За измамата сведочи читател на редакцијата на 24часа, кој вели дека бил измамен за 100 евра откако го отворил линкот што му бил испратен. Според неговото сведоштво, од непознат број му пишувала жена која се претставила дека е од Крушево. Откако го отворил линкот, следувала измамата и му биле извлечени парите.
„Ми излегоа женски име, ми кажа дека е од Крушево. Го отворив линкот кој ми го прати на Вибер. На крајот платив 100 евра и ме измамија. Веќе не кликам на ништо вакво“, вели измамениот читател.
Линкот наводно се претставува како услуга на „Карго експрес“. Се апелира до граѓаните да не отвораат сомнителни линкови и да не внесуваат податоци од платежни картички или лични информации на непроверени интернет-страници.
View this post on Instagram

