Колумни
Дознај прв
КАДЕ ИСЧЕЗНАА ВИСТИНСКИТЕ МАЖИ? Сила не се докажува со тупаници, туку со достоинство
Вистинската сила не е во тупаниците и заканите, туку во достоинството, самоконтролата и одговорноста. Насилството врз жените мора да престане.

Некогаш мажот бил глава на семејството, човекот кој ја носел одговорноста, го издржувал семејството и се очекувало да биде заштитник на своите најблиски. Денес, за жал, сè почесто гледаме мажи кои ја споредуваат силата со насилството, а храброста со заплашувањето.
Некои се силни само пред жените, пред послабите и пред оние се сигурни дека нема да им возвратат. А кога треба да седнат, да разговараат, да се соочат со проблемот и да го решат со зборови – ја нема нивната храброст.
Вистинската сила е во самоконтролата
Вистински маж не ја докажува својата сила со тупаници, закани и малтретирање. Вистинската сила е во самоконтролата, достоинството, одговорноста и способноста проблемите да се решаваат со разговор, а не со насилство.
Насилството врз жените мора да престане
Насилството врз жените, семејното насилство и секоја форма на малтретирање мора да престанат. Не е слабост да разговараш, да признаеш грешка или да се повлечеш од конфликт. Слабост е да мислиш дека си победил со насилство.
Не се станува маж со тоа што ќе кренеш рака врз жена. Маж се станува со тоа што ќе го решиш проблемот со разговор и да се извиниш кога си згрешил.
Колумна за 24 часа на Мартин Петковски

