Скопје

ОПШТИНА ЦЕНТАР ДОДЕЛИ 37 СТИПЕНДИИ: Зголемена финансиската поддршка за талентираните ученици

Општина Центар додели 37 стипендии за талентирани ученици во културата, со месечна поддршка од 4.000 и 4.500 денари.

ОПШТИНА ЦЕНТАР ДОДЕЛИ 37 СТИПЕНДИИ: Зголемена финансиската поддршка за талентираните ученици

Општина Центар додели стипендии на 37 талентирани ученици од општинските основни училишта, кои остваруваат забележителни резултати во областа на културата. Десет ученици ќе добиваат по 4.500 денари месечно, додека 27 ученици ќе добиваат по 4.000 денари. Финансиската поддршка годинава е зголемена за 50 проценти, со цел да се поттикнат младите во развивањето на нивниот талент и творештво.

Герасимовски: Го цениме трудот и вложуваме во развојот на младите

„Сакам младите да знаат дека ги препознаваме нивните квалитети, го цениме нивниот труд и вложуваме во нивниот развој“, порача градоначалникот Горан Герасимовски. Стипендираните ученици имаат освоено награди и признанија на градски, државни и меѓународни натпревари. Според Општината, нивните успеси се потврда и за посветеноста на наставниот кадар.

Општина Центар доделеи и награди за најдобрите литературни и ликовни творби

Во рамки на одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Центар, беа доделени и награди за најдобрите ликовни и литературни творби на конкурсот „50 години Центар – срцето на градот, духот на генерациите“. Наградени се шест ученици, по тројца во двете категории. За освоено прво место се доделени по 5.000 денари, за второ по 3.000, а за трето место по 2.000 денари.

Жан Митрев