Хроника
Дознај прв
ЗА ПЕТ ДЕНА 25 ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Приведени 14 лица

Во периодот од 1 до 5 ноември, полицијата регистрирала 25 пријави за семејно насилство и насилство во партнерски и семејни односи низ државата. Во рамки на постапувањето по пријавите, лишени од слобода и приведени се 14 лица поради сомнение за физички напади, закани и други форми на насилно однесување. Случаите биле пријавени во Скопје, Куманово, Кочани, Штип, Велес, Охрид, Гостивар, Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово и други градови. Меѓу пријавените настани има физички напади врз сопружници, поранешни партнери, родители, деца, браќа и сестри, но и психичко малтретирање, закани и вознемирување.
Во еден случај во Скопје, лице со остар предмет ѝ се заканувало на својата мајка, додека во Тетово бил пријавен поранешен партнер за следење и закани, и покрај изречените судски заштитни мерки. Пријавени се и случаи на физичко насилство врз малолетници, како и непочитување на мерките за заштита. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави и апелираат граѓаните навремено да го пријавуваат секој облик на семејно насилство.
