Регион
Дознај прв
„EXIT“ СЕ ВРАЌА ВО СРБИЈА: Организаторите им се заблагодарија на студентите и најавија враќање по падот на Вучиќ

Фестивалот „EXIT“ се враќа во Србија, откако организаторите потврдија дека во јули 2027 година ќе се одржи специјален настан на Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Одлуката следува по победата на студентската листа на изборите и големиот интерес на публиката за враќање на фестивалот. „EXIT“ претходно најави дека нема да се одржува во Србија поради политички притисоци поврзани со поддршката за студентските протести. Организаторите првично планирале големо враќање во 2028 година, бидејќи подготовките за фестивал од такви размери бараат најмалку 18 месеци, пренесе Klix.
Сепак, илјадниците пораки, електронски писма и коментари од публиката ги поттикнале да организираат специјален настан веќе следното лето. Од фестивалот порачаа дека се враќаат дома и дека сакаат со публиката да ги прослават слободата, единството и љубовта. Македонските фанови може да се подготвуваат за фестивалско лето во Нови Сад во јули 2027 година. Деталите за настанот допрва ќе бидат објавени.
View this post on Instagram
