Регион
Дознај прв
(ВИДЕО) „МЕ ПРЕКИНАВТЕ СРЕДЕ ВЕЧЕРА“: Вучиќевиќ му се јави на Срдановиќ, разговорот стана вирален

Телефонски разговор меѓу Драган Ј. Вучиќевиќ, главниот уредник на српскиот „Информер“, и Илија Срдановиќ, поврзан со студентската листа во Србија, привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Во видеото, Вучиќевиќ му се јавува на Срдановиќ во момент кога се случуваат тензии пред редакцијата на „Информер“ и го повикува да реагира во врска со ситуацијата.
Срдановиќ му одговара дека треба да ја провери информацијата, додавајќи дека го прекинале среде вечера. Токму оваа реплика стана најсподелуваниот дел од разговорот и предизвика бројни реакции на интернет.
Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што корисниците го коментираат разговорот и околностите во кои се случил.
