Скопје
Дознај прв
СТАР МЕБЕЛ И КУЈНА КРАЈ КОНТЕЈНЕРИ: Митески најави одговорност за создавање дива депонија

Стар мебел и кујнски елементи биле оставени покрај контејнери во Општина Аеродром, со што била создадена дива депонија. Градоначалникот Дејан Митески на Фејсбук објави фотографии од случајот и оцени дека станува збор за неодговорно однесување, а не за невнимание. Според неговата објава, мебелот бил оставен среде бел ден, на само неколку метри од контејнерите.
Инспекциските служби веќе постапуваат по случајот. Митески им се заблагодари на граѓаните кои го пријавиле непрописното одлагање отпад и ги повика и останатите да пријавуваат вакви случаи, со фотографија и точна локација. Тој најави дека локацијата ќе биде исчистена, но порача дека лицата кои создаваат диви депонии мора да понесат одговорност. „Чист Аеродром е заедничка одговорност“, напиша градоначалникот.
