Македонија
Дознај прв
Се отстрануваат хаварисани и нерегистрирани автомобили од паркинзите во Општина Аеродром

Општина Аеродром продолжува со акцијата за отстранување на хаварисани, отпадни и нерегистрирани возила од јавните паркинзи. Градоначалникот Дејан Митески информира дека општинскиот Инспекторат, по претходно известување на сопствениците и спроведена постапка, активно ги отстранува возилата што подолг период зафаќаат јавен простор. Автомобилите се подигаат со шлеп-служба и се транспортираат на општинското депо.
Активностите опфаќаат и возила кои се нерегистрирани повеќе од три години, како и камп-приколки и чамци оставени на јавните паркинзи. За утврдените неправилности ќе следуваат отстранување и соодветни санкции согласно законските прописи. Митески ги повика сопствениците навремено да ги отстранат возилата, со цел ослободување на паркинг-местата и воспоставување комунален ред во Аеродром.
Повеќе околу отрстранувањето хаварисани возила во Аеродром може да погледнете ТУКА.

