Регион
Дознај прв
СРПКИОТ ЈУТУБЕР БАКА ПРАСЕ НАВОДНО Е ПРИВЕДЕН: Маскирани лица го одвеле од неговиот стан, од неговиот тим велат дека не знаат каде се наоѓа

Српскиот инфлуенсер и јутјубер Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, наводно бил приведен утрово околу 6 часот, објави неговиот тим на официјалниот Инстаграм-профил. Според нивното соопштение, маскирани лица влегле во неговиот стан и го одвеле на непозната локација. Неговиот тим тврди дека во моментов не знае каде се наоѓа ниту во каква состојба е. Соработниците наведуваат дека поседуваат снимки од безбедносните камери на кои, според нив, се гледаат маскираните лица кои влегле во станот и го одвеле Илиќ. Сепак, тие засега нема да ги објават снимките бидејќи чекаат дополнителни информации. Во соопштението се наведува и дека адвокатот на инфлуенсерот сè уште не добил одговор на своето барање за информации. Засега нема официјална потврда од надлежните институции во Србија за наводното приведување, ниту се познати причините за неговото одведување.
Извор: Б92

