Свет
Дознај прв
ХАКЕРИ КОИ ГИ НАПАДНАА ФРИЖИДЕРИТЕ ВО ЕВРОПА: Лозинка било „12345“, храната се загревала до 50 степени
Кибернапади ги загреале фрижидерите и замрзнувачите во европски маркети до 50 степени. Хакерите користеле слаби лозинки, меѓу кои и 12345.

Кибернапади врз системите за ладење во маркети во девет европски земји предизвикале сериозни проблеми, а во дел од продавниците температурите во фрижидерите и замрзнувачите се искачиле до 50 степени Целзиусови. Поради тоа, маркетите морале да фрлат расипана храна, додека залихите на крв во неколку француски банки за крв не биле изгубени. Новите анализи покажуваат дека хакерите се обидувале да пристапат до контролерите за ладење користејќи стандардни лозинки, меѓу кои и „12345“. Истражувачите од компанијата за кибербезбедност „Луповис“ регистрирале повеќе од 276 обиди за пристап во периодот од 20 до 30 октомври, од 91 различен актер на закана.
Можно е да има руска врска, но нема потврда
Извршниот директор на „Луповис“, Ксавиер Белекенс, оценува дека нападите биле добро организирани и дека дел од користените хостинг-услуги во минатото биле поврзувани со руски хакерски групи. Според него, дигиталните траги упатуваат на можна руска поврзаност, но компанијата нема докази со кои може да ја потврди одговорноста на Русија. Експертите предупредуваат дека сè уште не е познато кој стои зад нападите, ниту која била нивната цел, бидејќи немало барање за откуп или преземање одговорност.
Слабата лозинка ги изложиле системите на ризик
Контролните единици биле директно поврзани на интернет, а дел од нив наводно користеле фабрички лозинки, како „12345“, што им го олеснило пристапот на напаѓачите. Експертите сметаат дека ризикот можел да биде намален доколку системите биле заштитени и достапни преку виртуелна приватна мрежа (VPN). Предупредуваат дека слични пропусти можат да постојат и кај системите за греење, климатизација, камери, аларми и електронски етикети во продавниците и другите објекти. Засега нема индикации дека во овие напади била користена вештачка интелигенција, иако експертите предупредуваат дека таа во иднина може да го забрза откривањето на безбедносните слабости.

