Македонија
Дознај прв
АЛТА БАНКА ИСПЛАТИ 360 ГРАЃАНИ: Од понеделник се отвораат и шалтерите во Тетово и Струмица
АЛТА банка исплати средства на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен. Од 9 ноември се отвораат шалтерите во Тетово и Струмица, а лимитот се зголемува на 15.000 денари.

Вкупно 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен денеска подигнале средства во филијалата на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола. Станува збор за клиенти кои имаат платежни сметки во Банката, но не располагаат со платежни картички. Народната банка информира дека од понеделник, 9 ноември, со работа ќе започнат и шалтерите на „АЛТА банка“ во Тетово и Струмица.
Исплата до 20.000 денари за клиентите без картички
Клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. Со ова се проширува пристапот до средствата за граѓаните кои досега мораа да користат шалтери во други градови.
Се зголемува и неделниот лимит на Алта Банка
Од следната недела неделниот лимит за подигање готовина и плаќања со картички ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари. Од Народната банка посочуваат дека продолжуваат со активности за постепено олеснување на пристапот до средствата на клиентите, со цел полесно располагање со парите и непречено опслужување на сите корисници.

