Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) ДИМОВСКИ: Се надевам дека Шарената револуција нема да се повтори во Србија

Поранешниот пратеник Илија Димовски, гостувајќи во Дневникот на Сител ТВ, изјави дека Србија сега поминува низ процес сличен на оној што Македонија го поминала пред десет години со Шарената револуција. Според него, од денешна временска дистанца, Шарената револуција се покажала како неуспешна.
Димовски оцени дека од Шарената револуција најмногу биле разочарани токму нејзините поддржувачи. Тој смета дека една од последиците е губењето на довербата во граѓанскиот сектор во Македонија. Според неговата оценка, искуството од Македонија е предупредување за случувањата во Србија. „Се надевам дека ова нема да се повтори во Србија“, заклучи Димовски на неговото гостување.
View this post on Instagram
Видео извор: Сител ТВ
