Регион
Дознај прв
(ВИДЕО-ВО ЖИВО) ИЗБОРНАТА ПОБЕДА СЕ СЛАВИ НА СЛАВИЈА: Илјадници граѓани повторно се собраа во Белград
Илјадници граѓани повторно се собраа на плоштадот Славија во Белград за да го прослават изборниот резултат на студентската листа

Илјадници граѓани вечерва повторно се собраа на плоштадот Славија во Белград за да го прослават изборниот резултат на студентската листа и поразот на владејачката Српска напредна партија. Според објавените прелиминарни резултати, студентската листа освоила апсолутно мнозинство во самостојна општина во Србија, додека владејачката коалиција предводена од СНС освоила 103 мандати. Граѓаните се собраа на плоштадот со знамиња, светлосни ефекти и пиротехника, славејќи го резултатот од гласањето.
Вучиќ го призна изборниот пораз
Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно го призна изборниот пораз на својата политичка опција. Студентското движење, кое во изминатиот период предводеше антикорупциски протести, резултатот го доживува како важен политички успех.
Славје на улиците на Белград
Плоштадот Славија повторно беше исполнет со граѓани, а прославата се одвиваше и со светлосни ефекти и пиротехника. Во исто време, според објавените информации, на Пионирскиот парк се одржал и собир на поддржувачи на српската владејачка партија.
