Хроника

ЗАПЛЕНЕТИ 68 КИЛОГРАМИ КОКАИН ВО ФРАНЦИЈА: Камион управуван од македонски државјанин запрен по дојава од МВР

Француските власти заплениле 68 килограми кокаин во камион управуван од 44-годишен македонски државјанин, по оперативна дојава од македонската полиција.

ЗАПЛЕНЕТИ 68 КИЛОГРАМИ КОКАИН ВО ФРАНЦИЈА: Камион управуван од македонски државјанин запрен по дојава од МВР
фото - аи

68 килограми кокаин

Во Франција се запленети 68 килограми кокаин во товарно моторно возило управувано од 44-годишен македонски државјанин со иницијали М. Ф., информира Министерството за внатрешни работи. Заплената била извршена на француската наплатна станица „Фонтен“, по оперативна дојава од македонската полиција. Информациите биле обезбедени од Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција, а преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи. Од МВР посочуваат дека ова е втора успешна меѓународна акција во период од еден месец.

Претходно запленети 324 килограми марихуана во Грција

Од Министерството потсетуваат дека неодамна, во соработка со грчката полиција, била реализирана акција во која биле запленети 324 килограми марихуана. Според МВР, двете акции се резултат на размената на оперативни информации и меѓународната полициска соработка во борбата против недозволената трговија со дрога.