Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) РЕВОЛТ ВО КРИВА ПАЛАНКА: Крави повторно шетаат низ центарот на градот, жителите бараат итна реакција

Проблемот со кравите кои слободно се движат низ центарот на Крива Паланка продолжува, а денеска нивниот број е уште поголем. Во текот на вчерашниот ден и нашиот медиум објави за револтот на жителите поради добитокот кој неконтролирано шета низ градските улици. Но, наместо решавање на проблемот, денеска повторно се забележани поголем број крави во централното градско подрачје.
View this post on Instagram
Граѓаните со години се соочуваат со ваквата појава, која предизвикува реакции и загриженост за безбедноста на пешаците и учесниците во сообраќајот. Од Општина Крива Паланка претходно побараа реакција и поддршка од Владата за надминување на проблемот. Засега, ситуацијата на терен покажува дека проблемот и натаму е присутен, а жителите очекуваат конкретни мерки од надлежните институции.

