Македонија

ПРУГАТА БЕЉАКОВЦЕ – КРИВА ПАЛАНКА СЕ ГРАДИ СО СИЛНА ДИНАМИКА: Напредокот на втората делница достигна 35 проценти

Изградбата на 34-километарската пруга Бељаковце-Крива Паланка напредува со засилен интензитет, а досега е реализирано 35 проценти од проектот.

ПРУГАТА БЕЉАКОВЦЕ – КРИВА ПАЛАНКА СЕ ГРАДИ СО СИЛНА ДИНАМИКА: Напредокот на втората делница достигна 35 проценти

Се работи од Бељаковце до Крива Паланка

Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, од Бељаковце до Крива Паланка, се одвива со засилен интензитет, информира директорот на ЈП „Железници Инфраструктура“, Синиша Ивановски. Станува збор за делница во должина од 34 километри, која е дел од источниот крак на Коридорот 8. Според последно објавените информации, реализацијата на проектот достигнала 35 проценти, а на терен се интензивирани градежните активности. Ивановски објави и видео од работите на трасата, со кое го прикажа текот на изградбата.

Бељаковце

Подготовки и за последната делница кон Бугарија

Паралелно со изградбата на делницата Бељаковце-Крива Паланка, се преземаат активности и за продолжување на железничката врска до границата со Бугарија. Веќе е објавен јавен повик за надзор на третата делница, од Крива Паланка до бугарската граница, а најавено е и распишување меѓународен јавен повик за избор на изведувач. Втората делница е технички сложена траса со 15 тунели и 29 мостови, а изградбата треба да продолжи во наредниот период. Според информациите од надлежните институции, завршувањето на втората делница е планирано најдоцна до октомври 2028 година.