Хроника

Скопјанец барал 35.000 евра од жена за лажна операција на нејзината ќерка, но полицијата го фатила на време

Скопјанец барал 35.000 евра од жена за лажна операција на нејзината ќерка, но полицијата го фатила на време

Се претставил како лекар од Италија

Скопјанец бил приведен во Крива Паланка откако, според информациите на МВР, се обидел да измами повозрасна жена и да ѝ земе 35.000 евра. Четириесет и петгодишниот Н.Д. телефонски ѝ се јавил на жената и се претставил како лекар од Италија. Тој ѝ рекол дека нејзината ќерка паднала во Италија и се здобила со повеќе скршеници на ногата и вилицата. За наводна операција, од жената побарал 35.000 евра, а таа, бидејќи немала толку пари, се договорила да му ги даде сите средства што ги имала дома.

Жената се јавила во полиција

Во меѓувреме, жената го контактирала својот зет, кој ја советувал веднаш да ја извести полицијата. По пријавата, полициски службеници го затекнале осомничениот во близина на нејзиниот дом и го лишиле од слобода. Од МВР информираат дека лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.