Магазин

АКЦИОНЕРИТЕ СО ЖЕСТОКИ КРИТИКИ: „Порше“ се претвори во „урнатини“ во бизнисот

АКЦИОНЕРИТЕ СО ЖЕСТОКИ КРИТИКИ: „Порше“ се претвори во „урнатини“ во бизнисот

Акционерите на „Порше“ упатија жестоки критики кон раководството на компанијата, по тешката 2025 година и сериозниот пад на резултатите.

На виртуелното годишно собрание, дел од инвеститорите оценија дека компанијата се соочува со длабоки проблеми, а еден од нив ја опишал состојбата како „урнатини“ во бизнисот.

Пад на добивката и проблеми на пазарот

Според објавените информации, „Порше“ во 2025 година забележал голем пад на добивката, а меѓу главните причини се наведуваат слабиот бизнис во Кина, американските царини и намалената побарувачка за електрични возила.

Компанијата се соочува и со притисок од инвеститорите поради падот на вредноста на акциите од излегувањето на берза во 2022 година.

Најави за нова стратегија

Новиот прв човек на „Порше“, Михаел Лајтерс, побарал трпение од акционерите и најавил план за стабилизација на компанијата.

Според најавите, „Порше“ ќе се фокусира на модели со повисока заработка, намалување на трошоците и поедноставување на производната стратегија.

Деталите за новиот план треба да бидат претставени во октомври, а инвеститорите очекуваат поконкретни чекори за враќање на довербата и подобрување на резултатите.