Хроника
Дознај прв
„ОВА Е ЕДНАКВО НА УБИСТВО“: Нутриционистот Владимир Тодоровски со остра реакција по бруталното претепување на девојката во Охрид

Нутриционистот Владимир Тодоровски реагираше на случајот со бруталното претепување на девојката во Охрид, откривајќи дека лично ја познава жртвата. Тој објави дека девојката му била школска другарка и дека делеле клупа, поради што веста дополнително го погодила. Тодоровски изрази гнев и разочарување од случувањата во општеството, оценувајќи дека насилството до кое дошло е еднакво на убиство.
Во својата објава потсети дека пред неколку дена имало и убиство, прашувајќи се дали ова е надзорот и контролата што треба да ги има во општеството. Тој упати апел до сите жени кои трпат насилство веднаш да го пријават и да побараат помош. Дополнително, постави прашање како девојката ќе биде заштитена кога осомничениот повторно ќе се движи слободно низ градот. Тодоровски изрази револт и кон оние кои, според неговата објава, биле присутни, а не ѝ помогнале на девојката.
View this post on Instagram

