Економија

СТРУЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА Е РЕЧИСИ 60 ОТСТО ПОЕВТИНА ОД ЕУ: Колку плаќаат домаќинствата во Европа?

Еден киловат-час струја во Македонија чини 11,68 евроценти, наспроти 28,32 евроценти во ЕУ, според податоците за првата половина од 2026 година.

СТРУЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА Е РЕЧИСИ 60 ОТСТО ПОЕВТИНА ОД ЕУ: Колку плаќаат домаќинствата во Европа?
фото - аи 24 часа

Домаќинствата во Македонија плаќаат речиси 60 отсто поевтина електрична енергија од просекот во Европската Унија, покажуваат податоците за првата половина од 2026 година. Според анализата објавена од „Еуроњуз“, цената на еден киловат-час во Македонија изнесувала околу 11,68 евроценти, додека просекот во ЕУ достигнал 28,32 евроценти. Тоа значи дека електричната енергија за домаќинствата во земјава е значително поевтина во споредба со европскиот просек. Во регионот, цените биле слични како во Србија и Албанија, а пониски отколку во Бугарија и Хрватска.

Зошто струјата е поевтина во Македонија?

Една од главните причини за пониската цена е регулираниот систем на снабдување со електрична енергија. Универзалниот снабдувач значителен дел од потребната струја ја обезбедува од државната компанија ЕСМ, што влијае врз крајната цена за домаќинствата. Според анализата на ОЕЦД, поддршката преку цените на електричната енергија во периодот од 2018 до 2023 година достигнала вкупна вредност од околу 1,4 милијарди евра.

Германија и Ирска меѓу најскапите во Европа

Меѓу европските земји со највисоки цени на електричната енергија за домаќинствата се Германија и Ирска. Сепак, конечната сметка во Македонија зависи од потрошувачката, дневната и ноќната тарифа, како и од примената на блок-тарифите. Поради тоа, реалниот износ што го плаќа секое домаќинство може значително да се разликува.

ОЗНАКИ: струја
Жан Митрев