Македонија

НАД 1.000 КРАВИ ОД КРИВА ПАЛАКА ПРАВАТ ХАОС ВО СРБИЈА: Уништуваат ниви, пчеларници и гробишта

Крави со македонски ушни маркици навлегуваат во селата во Босилеград и уништуваат ниви, пчеларници и гробишта. Крива Паланка бара кризна состојба.

НАД 1.000 КРАВИ ОД КРИВА ПАЛАКА ПРАВАТ ХАОС ВО СРБИЈА: Уништуваат ниви, пчеларници и гробишта

Повеќе од илјада грла крупен добиток од општина Крива Паланка ја преминуваат македонско-српската граница и предизвикуваат сериозни штети во селата на општина Босилеград, Србија. Поради проблемот, од Крива Паланка побарале од Владата прогласување кризна состојба во траење од 30 дена. Според Мирослав Пеневиќ, медиумски соработник од Босилеград, кравите со македонски ушни маркици се движат без надзор низ повеќе села и уништуваат земјоделски површини и имот на локалното население.

Оштетени ниви, пчеларници и гробишта

Проблемот е најизразен во селата Голеш, Караманица, Жеравино, Горња и Доња Тламино, каде што добитокот навлегува во овоштарници, ниви, градини, оранжерии и пчеларници. Мештаните пријавуваат оштетени огради, уништени гробишта и надгробни споменици, како и оштетувања на водоводните инсталации. Дополнително, постои загриженост поради загадување на изворите од кои локалното население се снабдува со вода.

Кравите од Крива Паланка се изложени и на опасности

Пеневиќ предупредува дека проблемот не е само материјалната штета, туку и состојбата во која се наоѓаат животните. Според него, кравите се изложени на студ, недостиг од храна и вода, напади од волци и отсуство на соодветна ветеринарна контрола. Тој бара надлежните институции во Македонија и Србија да најдат заедничко решение за проблемот што ги погодува и жителите и животните.

Жан Митрев