Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: АЛТА БАНКА ЌЕ БИДЕ СПАСЕНА – најдовме купувач, станува збор за банка

Премиерот Христијан Мицкоски утрово соопшти дека е пронајден купувач за „Алта банка“ и најави дека банката ќе биде спасена. Според премиерот, станува збор за финансиска институција, односно друга банка која е заинтересирана за нејзино преземање. Засега не е откриено за која банка станува збор. Во меѓувреме, од денеска неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картички на „Алта банка“ се зголемува од 10.000 на 15.000 денари. Воедно, започнуваат со работа и нови шалтери во Тетово и Струмица, а новите приливи од плати, пензии и социјална помош ќе можат да се повлекуваат во целост.
View this post on Instagram
Во меѓувреме, ние и пред изјавата на премиерот Мицкоски за Алта банка објавивме дека ќе има нов купувач, а најсериозна беше Халк банка.
Погледнете повеќе:
ХАЛКБАНК НАЈСЕРИОЗЕН КАНДИДАТ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА АЛТА БАНКА: Во игра и Стопанска банка

