Економија
Дознај прв
АЛТА БАНКА ЗГОЛЕМУВА ЛИМИТИ НА КАРТИЧКИТЕ: Отвора и два нови шалтери во Тетово и Струмица
АЛТА банка го зголемува неделниот лимит за картички од 10.000 на 15.000 денари и отвора шалтери во Тетово и Струмица.

Клиентите на АЛТА банка од денеска ќе можат да располагаат со поголем износ на своите средства преку платежните картички. Неделниот лимит за подигање готовина од банкомати и плаќање со платежни картички се зголемува од 10.000 на 15.000 денари. Истовремено, банката ја проширува мрежата на шалтерска исплата, со отворање нови шалтери во Тетово и Струмица.
Поголеми лимити и можност за подигање готовина
Клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари во период од две недели, како што е овозможено и во експозитурата во Битола. Со ова се зголемува пристапот до сопствените средства за клиентите на банката, кои досега беа погодени од ограничувањата во работењето.
Најавени олеснувања и за приливите
Според најавите на гувернерот Трајко Славески, олеснувања ќе има и за приливите. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, како и приливите од други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост.
