Македонија

ЉУБЧО УДРИ ПО МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: ЗНАМ е безидејна и отвора непотребни политички прашања

ЉУБЧО УДРИ ПО МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: ЗНАМ е безидејна и отвора непотребни политички прашања

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, упати остри критики кон партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски, оценувајќи дека таа нема политички идеи. Во објава на социјалните мрежи, Георгиевски вели дека партијата со месеци ја повторува истата тема, како „расипана грамофонска плоча“. Станува збор за ставот на ЗНАМ дека ќе го брани македонскиот јазик на правосудниот испит до крај. Георгиевски наведува дека зад ваквиот политички пристап гледа два проблеми. Како прв го посочува, како што вели, целосниот недостиг на политички идеи. Вториот проблем, според него, е свесното отворање и одржување на минорно прашање, кое се претвора во голем мултиетнички проблем. Максим Димитриевски е актуелен градоначалник на Куманово и лидер на ЗНАМ.

Жан Митрев