Хроника
Дознај прв
ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО КРАТОВСКО: Пријавила насилство од партнерот, лекарите утврдиле дека е бремена и има хематоми

42-годишна жена од Босна и Херцеговина, која живеела во кратовско село, пријавила малтретирање од нејзиниот 46-годишен партнер. Случајот првпат бил пријавен на 5 ноември во СВР Куманово, по што полицијата постапила и разговарала со двајцата. Жената тогаш изјавила дека побарала пари од партнерот за да си замине, но тој одбил да ѝ даде. Мажот бил предупреден, а жената била спроведена во прифатен центар за странци во Скопје.
На 10 ноември, во ОВР Кратово, Националната мрежа против семејно насилство пријавила дека жената, додека живеела во вонбрачна заедница со него, била принудувана на полови дејствија и физички напаѓана. По извршените лекарски прегледи било утврдено дека жената е бремена и има хематоми на одредени делови од телото. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
По убиството на младата Билјана од Богданци, во јавноста конечно се крена фама на оваа тема. Во моментов, се актуелизира носењето електронска нараквица (алка) за насилниците.
Извор: Фокус

