Македонија

(ВИДЕО) Митовски бара дипломатска поддршка за решавање на проблемот во Крива Паланка

Градоначалникот на Крива Паланка ќе испрати допис до странските амбасадори за итна реакција на Владата, додека советниците бараат вонредна седница и акционен план.

(ВИДЕО) Митовски бара дипломатска поддршка за решавање на проблемот во Крива Паланка

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, бара дипломатска поддршка за итно постапување на надлежните институции поради неконтролираното движење на добитокот низ градот и околината. Тој најави дека ќе испрати допис до странските амбасадори, барајќи нивно залагање пред Владата за итна акција на терен и трајно решавање на проблемот. Митовски посочува дека откако за состојбата почнаа да известуваат и странските медиуми, одлучил да побара поддршка и од дипломатските претставништва.

Советниците од Крива Паланка бараат вонредна седница

Во меѓувреме, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ при Советот на Општина Крива Паланка најави дека денеска ќе поднесе барање за свикување вонредна седница. На седницата ќе предложат акционен план со конкретни чекори за забрзано и трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на крупниот добиток.

Се бара итна акција на терен

Проблемот со добитокот предизвикува штети низ градот и околината, а локалните власти подолг период бараат реакција од централните институции. Митовски инсистира на координирана акција со која добитокот ќе биде отстранет од јавните површини и имотите на граѓаните, а проблемот конечно ќе добие трајно решение.

Жан Митрев