Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) „ЈАВИ МИ СЕ ВЕДНАШ ЗАШТО СИТЕ ЌЕ УМРЕМЕ УШТЕ ВЕЧЕРВА“: Нови пораки откриваат како Ива стравува од бугарските служби

Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави нови снимки и пораки од комуникацијата со Ива Михаилова и нејзината мајка Христина, поврзани со наводните притисоци од бугарската безбедносна служба ДАНС. Според Цанов, Михаилова само неколку минути по објавувањето на првото видео побарала тоа веднаш да биде повлечено, испраќајќи му порака: „Јави ми се веднаш. Крени ми, зашто сите ќе умреме уште вечерва“. Тој тврди дека таа стравувала за својот живот и за безбедноста на родителите, а објавил и разговор со жена која ја претставува како нејзината мајка, во кој се споменува дека Михаилова може да биде ликвидирана.
View this post on Instagram
Првичната афера започна на 14 ноември, кога Цанов објави тајно снимен разговор во кој Михаилова наводно зборува за закани со прекинување на лекувањето и правната помош доколку не ги следи инструкциите на ДАНС. ДАНС ги отфрли тврдењата. Случајот предизвика политички реакции и барања за истрага во Бугарија.
Михаилова, која има македонско и бугарско државјанство, се наоѓа во Бугарија, додека во Кочани ѝ се суди во отсуство за сообраќајната несреќа на патот Штип – Кочани, во која загина 33-годишниот Бесим Дурмиши.

