Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО СЛАБ ДО УМЕРЕН ВЕТЕР: Во источните делови можен локален дожд

Денеска, 5 ноември, времето ќе биде променливо облачно, со можен локален дожд во источните делови и температури до 15 степени.

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО СЛАБ ДО УМЕРЕН ВЕТЕР: Во источните делови можен локален дожд

Времето денеска, 5 ноември, ќе биде променливо облачно, а во источните делови од земјава ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 1 до 9 степени, додека дневните ќе достигнат од 8 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно

Во Скопје се очекува променливо облачно време со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 8 степени во утринските часови до 14 степени во текот на денот.

Температури низ Македонија

Највисока дневна температура од 15 степени се очекува во југоисточните делови, додека најниска утринска од 1 степен е предвидена во западниот дел од земјата.

Жан Митрев