Македонија

АЛТА БАНКА ПОЧНУВА СО ИСПЛАТИ: Клиентите без платежни картички ќе може да подигнуваат до 20.000 денари

Клиентите на Алта банка без платежни картички ќе може да подигнуваат до 20.000 денари на шалтерите во главната филијала во Битола.

АЛТА БАНКА ПОЧНУВА СО ИСПЛАТИ: Клиентите без платежни картички ќе може да подигнуваат до 20.000 денари

Граѓаните кои имаат платежни сметки во Алта банка АД Битола, но немаат платежни картички, од денеска ќе може да ги подигнуваат своите средства на шалтерите во главната филијала во Битола. Народната банка информира дека за таа цел ќе бидат отворени повеќе шалтери на улицата „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21, наменети исклучиво за исплата на готовина. Посебен фокус ќе биде ставен на пензионерите и примателите на социјална помош кои средствата ги добиваат преку сметки во банката.

Максимална исплата од 20.000 денари

Граѓаните ќе може да подигнат најмногу 20.000 денари, колку што изнесува максималниот дозволен износ за повлекување во период од две недели. Од 6 ноември, вклучително и во сабота на 7 ноември, филијалата ќе работи во две смени за да опслужи што поголем број клиенти. Исплатите ќе се вршат во повеќе денови, според однапред утврден распоред, а граѓаните ќе добијат СМС-порака со точниот термин за посета.

Се подготвуваат шалтери и во други градови

Од Народната банка апелираат клиентите да се придржуваат до добиените термини и да не доаѓаат предвреме или во денови кога не се повикани, за да се избегнат метеж и долго чекање. За оние кои нема да можат да дојдат во закажаниот термин ќе бидат обезбедени дополнителни термини. Шалтерите ќе служат само за подигање готовина, без можност за други трансакции, а во тек се и подготовките за отворање вакви шалтери во други градови во земјата.

ОЗНАКИ: АЛТА Банка
Жан Митрев