Македонија
Дознај прв
ЛДП: УШТЕ КОЛКУ ЖЕНИ ТРЕБА ДА СТРАДААТ ЗА ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ПРОФУНКЦИОНИРААТ?
Моника Зајкова и ЛДП бараат одговорност од институциите по трагедијата во Богданци и повторно воведување електронски нараквици за насилниците.

Либерално-демократската партија (ЛДП), предводена од Моника Зајкова, реагира по трагедијата во Богданци, барајќи целосно расчистување на случајот и одговорност од надлежните институции. Зајкова обвини дека со неприфаќањето на предлогот за воведување електронски нараквици за сторителите на семејно насилство, владејачкото мнозинство пропуштило можност за подобра заштита на жените. Таа посочи дека Билјана претходно пријавувала насилство и смртни закани, а според неа, и 17-годишната девојка живеела во страв од насилникот.
Зајкова: Електронската нараквица ќе спасеше живот
„Бесна сум и тажна што владејачкото мнозинство нема волја да ги заштити жените и ги остава сами на себе. Со неприфаќањето на електронската нараквица убивте уште една жена“, изјави Зајкова. ЛДП информира дека во последната година двапати го доставила предлогот за воведување електронски нараквици за сторителите на семејно насилство. Со оваа мерка би се следело движењето на насилниците, а жртвата и надлежните служби би добивале известување доколку тие ја прекршат судската забрана за приближување.
ЛДП бара проверка на институциите и одговорност
Зајкова побара најстроги казни за сторителите, но и утврдување одговорност кај сите институции доколку се утврди дека не постапувале соодветно. Од партијата бараат целосно расчистување на случајот во Богданци и проверка на постапувањето на надлежните служби. „Уште колку Ивани, Росици и Билјани треба да ни се случат за конечно институциите да почнат да функционираат и да ги заштитат оние на кои заштитата им е најпотребна“, прашуваат од ЛДП.

