Хроника

(ВИДЕО) ЛИШЕНО ОД СЛОБОДА 62-ГОДИШНО ЛИЦЕ: Осомничено за силување на дете под 15 години

62-годишно лице од тетовско е лишено од слобода под сомнение за силување на дете кое не наполнило 15 години.

(ВИДЕО) ЛИШЕНО ОД СЛОБОДА 62-ГОДИШНО ЛИЦЕ: Осомничено за силување на дете под 15 години

Сам се пријавил во полицијата Тетово

На 25 септември во 21:45 часот, по претходно објавено видео на социјалните мрежи, во Полициската станица Тетово сам се пријавил Р.Н. (62) од тетовско село. По насоки на јавен обвинител од ОЈО Тетово, лицето било лишено од слобода и задржано во полициска станица. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, предвидено во член 188 од Кривичниот законик.

Случајот ќе биде дополнително документиран

Од полицијата информираат дека случајот дополнително ќе биде расчистен и документиран, по што ќе следува соодветна пријава. Надлежните институции продолжуваат со постапувањето во рамки на истрагата.

ОЗНАКИ: ТЕТОВО