Спорт
Дознај прв
БУДИМПЕШТА ГО ИМА НАЈУБАВИОТ БОЖИЌЕН БАЗАР ВО ЕВРОПА: Се отвора денеска и ќе трае до 1 јануари
Божиќниот базар пред базиликата „Свети Стефан“ во Будимпешта се отвора на 13 ноември и ќе трае до 1 јануари 2027 година.

Божиќниот базар пред базиликата „Свети Стефан“ во Будимпешта се отвора денеска, 13 ноември, и ќе биде отворен до 1 јануари 2027 година. Оваа година повторно го освои првото место во изборот на порталот „European Best Destinations“, кој го прогласи за најубав божиќен базар во Европа за 2026 година. Признанието е особено значајно бидејќи базарот годинава одбележува 15 години постоење, а претходно четири пати бил прогласуван за најдобар во Европа – во 2019, 2021, 2023 и 2024 година.
Во Будимпешта ќе има речиси 100 изложувачи
Во изборот учествувале 40 европски божиќни базари, а конечниот пласман бил одреден според гласовите на 11.648 патници од Европа и светот. Будимпешта се најде пред познатите адвентски дестинации како Виена, Прага и Стразбур. На плоштадот Сент Иштван, пред базиликата, ќе бидат поставени речиси 100 штандови со рачно изработена керамика, накит и кожни производи, а посетителите ќе можат да пробаат традиционални унгарски специјалитети и варено вино. Просторот ќе биде украсен со новогодишна елка, божиќни јасли и голем адвентски венец.
Светлосни проекции и празнична програма до Нова година
Секој ден од 17:30 часот на фасадата на базиликата ќе се прикажуваат светлосни проекции, а во одредени денови ќе има и концерти со почеток во 17 часот. Свеќите на адвентскиот венец ќе се палат на 29 ноември и на 6, 13 и 20 декември. Пазарот ќе работи од 11 до 22 часот од понеделник до четврток и во недела, додека во петок и сабота ќе биде отворен до 23 часот. За Бадник, 24 декември, предвидено е работно време од 11 до 15 часот, на 25 и 26 декември од 11 до 20 часот, а на 31 декември од 11 часот до 3 часот по полноќ. Вториот голем божиќен базар во Будимпешта ќе се одржува на плоштадот Верешмарти, оддалечен околу десет минути пешачење од базиликата.
View this post on Instagram

