Македонија

(ВИДЕО) ВАЖНО ОТКРИТИЕ КАЈ ВАЛАНДОВО: Пронајдена римска бања со зачуван систем за загревање

На локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово е откриен монументален базен од римска бања со зачуван систем за загревање и вредни археолошки наоди.

(ВИДЕО) ВАЖНО ОТКРИТИЕ КАЈ ВАЛАНДОВО: Пронајдена римска бања со зачуван систем за загревање

Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа значајни откритија за животот и урбаниот развој на античкиот град. Во рамките на комплексот на јавната римска бања е откриен монументален базен, со димензии поголеми од 4,5 на 2,5 метри и длабочина над 1,5 метри, обложен со повеќе од осум различни видови мермер.

валандово

Зачуван систем за загревање под базенот кај Валандово 

Особено значајно е откривањето на добро зачуван систем за загревање, кој функционирал преку посебна печка и циркулација на топол воздух. Комплексот е поврзан со градската цистерна и се наоѓа на длабочина од околу седум метри под денешната површина. Овој наод овозможува нови сознанија за техничките решенија и развиената јавна инфраструктура во античкиот град.

валандово

Пронајдени монети, скулптури и мермерна биста

Меѓу движните наоди се издвојуваат сребрена монета на Ихнајците, датирана од 500 до 480 година пред нашата ера, бронзени монети од хеленистичкиот и римскиот период, мермерна биста на воен командант, фрагменти од скулптури и епиграфски споменик од син мермер со посветен натпис. Според Националниот археолошки музеј, откритијата сведочат за економската моќ и значењето на античкиот град, како и за неговиот урбан и општествен живот. Истражувањата ќе продолжат и во 2027 година, во рамките на Годишната програма на Министерството за култура и туризам. Со нив раководеше кустос-советник Јане Клековски, со учество на стручен тим од Националниот археолошки музеј и со поддршка од надлежните институции и Општина Валандово.

валандово

ОЗНАКИ: ВАЛАНДОВО
Жан Митрев