Македонија

(ВИДЕО) ТЕНЗИЧНО ВО БУТЕЛ: Советник од ВЛЕН со тупаници по масата го бранеше опозицискиот колега од ДУИ во Општина Бутел

(ВИДЕО) ТЕНЗИЧНО ВО БУТЕЛ: Советник од ВЛЕН со тупаници по масата го бранеше опозицискиот колега од ДУИ во Општина Бутел

Иако ВЛЕН е дел од владејачката коалиција, а ДУИ е во опозиција, на седницата на Советот на Општина Бутел се случи ситуација во која партиските разлики останаа во втор план. Советник од ВЛЕН застана во одбрана на советник од ДУИ, удирајќи со тупаници по масата. Повод за реакцијата било прашање поврзано со употребата на албанскиот јазик.

Конкретно, според тоа што истраживме, целата кавга е околу натписот на влезот во новиот „Мега парк“ во Општина Бутел, каде што името „БУТЕЛСКА ОАЗА“ било испишано само на македонски јазик. Советниците од ДУИ (АКИ) барале натписот да биде и на албански јазик, а советниците од ВЛЕН исто така побарале почитување на двојазичноста во јавните простори каде што тоа го предвидува законот.

Иако двете политички партии се на спротивставени страни во однос на власта, кога станува збор за прашања поврзани со албанскиот јазик, нивните претставници меѓусебно си даваат поддршка. Снимката од случувањата на седницата се појави на социјалните мрежи и привлече внимание. Случајот е уште еден пример за тоа како политичките разлики меѓу ВЛЕН и ДУИ отстапуваат пред одредени прашања поврзани со јазикот.

Жан Митрев