Македонија

„СЕМАКЕДОНСКА СРЕДБА“ ВО ШТИП: Музика и дружење со егејска традиција

Традиционалната Семакедонска средба ќе се одржи утре во хотелот „Оаза“ во Штип, со настап на „Премиум бенд“ и Иван Бисеров.

„СЕМАКЕДОНСКА СРЕДБА“ ВО ШТИП: Музика и дружење со егејска традиција

Традиционалната „Семакедонска средба“ утре, 14 ноември, повторно ќе се одржи во Штип, собирајќи Македонци, пријатели и почитувачи на македонската традиција. Настанот ќе започне во 12 часот во хотелот „Оаза“, а организатори се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и децата бегалци „Македон“.

„Премиум бенд“ со песни од Егејскиот дел на Македонија

За музичката програма ќе се погрижи „Премиум бенд“, во состав Иван Димков, Панче Лазаров, Иван Анастасов и Стефан Стефанов. Како гостин на настанот ќе настапи и Иван Бисеров, со музика и мелодии што ја негуваат традицијата од Егејскиот дел на Македонија.

Средба посветена на македонската култура и традиција

Настанот се организира со поддршка на Општина Штип и традиционално е посветен на зачувувањето и негувањето на македонската култура, музика и обичаи. Организаторите повторно ги обединуваат љубителите на традицијата на средба исполнета со дружење и музика.

Жан Митрев