Македонија

ВЛЕН Тврдат дека фирма поврзана со негов сват добила кредит од 5 милиони евра од „Алта банка“

ВЛЕН изнесе обвинувања за кредит од 5 милиони евра од „Алта банка“ за фирма поврзана со семејното опкружување на Али Ахмети и бара истрага.

ВЛЕН Тврдат дека фирма поврзана со негов сват добила кредит од 5 милиони евра од „Алта банка“

ВЛЕН бара истрага за кредитот од Белград

ВЛЕН деновиве изнесе неколкуинформации за  врски помеѓу ДУИ и АСлта банка Белград во кои се презентира финансиски интерес на ДУИ или лица од раководтсвото со српката банка.

Денес ВЛЕН излезе со конкретни ситуаци и бројки за соработката:

Денес пред македонската јавност го презентираме клучниот факт кој директно го поврзува најблиското семејно опкружување на Али Ахмети со контроверзниот српски бизнисмен Давор Мацура и белградската „Алта банка“.

Додека Али Ахмети и врвот на ДУИ со години јавно продаваа лажен патриотизам, далеку од очите јавноста нивната семејна бизнис-мрежа склучувала милионски договори директно во Белград. Денес, кога сопственикот на „Алта банка“, Давор Мацура, се наоѓа во притвор во Србија, а Народната банка мораше да воведе привремена администрација за да го заштити македонскиот банкарски систем, трагите на парите водат директно до Зајас и Кичево.

Во центарот на оваа операција е кичевската компанија „АС Сењак“, фирма во сопственост на Селаудин Арифи, сват на Али Ахмети, која на јавноста веќе ѝ е добро позната како партнер на внукот Дрин Ахмети во милионското преземање на “Соравија”

На 9 јуни 2025 година, токму во екот на подготовките за влез на српската „Алта банка“ во Македонија, компанија во која косопственик е токму „АС Сењак“ на сватот на Ахмети, добива кредит од 5 милиони евра и тоа директно од централата на „Алта банка“ во Белград!

Најавуваат нови детали за три месеци по кредитот

Јавно го прашуваме Али Ахмети и врвот на ДУИ:

* По која економска логика и за какви заслуги банката на Давор Мацура од Белград исплаќа 5 милиони евра свеж капитал на фирма директно поврзана со семејството на Ахмети?

* Како е можно банка од Србија, токму во моментот кога бара начин за влез и купување на Стопанска банка Битола во Македонија, да кредитира со милионски суми фирми на сватот на лидерот на партијата чии кадри, Фатмир Бесими, Бујар Османи и Артан Груби со години ги контролираа финансиските и државните текови?

* Дали со овие 5 милиони евра кредит исплатени од Белград за семејната мрежа на Ахмети, Давор Мацура всушност си ја платил политичката поддршка и си го купил влезот во македонскиот банкарски систем?

Ова не е обичен бизнис, ова е класична шема на политичко-финансиска корупција. Затоа, денес јавно ги повикуваме Јавното обвинителство и Управата за финансиско разузнавање веднаш да ги отворат меѓународните трансакции од 9 јуни 2025 година и да ги испитаат околностите под кои услови е одобрен овој кредит од Белград, со каков залог е покриен и на чии сметки во Македонија завршиле петте милиони евра од „Алта банка“?

На Али Ахмети и на ДУИ им порачуваме да не се кријат зад празни политички пароли, бидејќи веќе на следната прес-конференција ќе објавиме што точно се случило само три месеци по легнувањето на овие 5 милиони евра од Белград!

Соопштениа на ВЛЕН

Жан Митрев