Македонија

(ВИДЕО) НОВИ ПРЕПУКУВАЊА ЗА АЛТА БАНКА: Филипче обвинува, Мицкоски посочи дека претходната влада ја донела банката

(ВИДЕО) НОВИ ПРЕПУКУВАЊА ЗА АЛТА БАНКА: Филипче обвинува, Мицкоски посочи дека претходната влада ја донела банката
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната надзорна расправа во Собранието го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека има директна политичка одговорност за влезот на „Алта банка“ во Македонија. Филипче побара од Мицкоски да одговори што му кажал на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кога, според него, му дал насоки за дозволување на влезот на банката во земјава. Тој оцени дека премиерот не може да тврди дека не знаел за банката и нејзиниот сопственик Давор Мацура, посочувајќи дека СДСМ повеќе од една година предупредува за нив.
Филипче изнесе обвинувања за сомнително потекло на капиталот во „Алта банка“ и ја поврза банката со наводни криминални и коруптивни активности во регионот. Во одговорот, Мицкоски презентираше документ од 194. седница на Владата од 24 октомври 2023 година, од времето на премиерот Димитар Ковачевски, кога на предлог на тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими била донесена одлука со која на Државното правобранителство му било одобрено да воспостави деловни односи со „Алта банка“ Србија за продажба на државните акции во Стопанска банка Битола. Мицкоски оцени дека документот покажува оти институционалните односи со банката започнале во времето на владата на СДСМ и ДУИ, а на обвинувањата од Филипче одговори дека токму тогашната влада ги отворила вратите за деловна соработка со банката.
Жан Митрев