Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) МИЦКОСКИ ПОКАЖА ДОКУМЕНТИ: Одлуката за влез на Алта банка ја донеле СДСМ и ДУИ уште во 2023 година

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната надзорна расправа во Собранието за случајот со „Алта банка“ објави документ со кој тврди дека претходната влада на СДСМ и ДУИ уште во 2023 година воспоставувала деловни односи со банката, пренесе Слободен печат.
Станува збор за одлука објавена во „Службен весник“ број 123 од 2023 година, со која Владата предводена од Димитар Ковачевски дала согласност за продажба на државните акции во тогашната Стопанска банка АД Битола, денеска позната како „Алта банка“.
Мицкоски рече дека одлуката била донесена на предлог на тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими. Според премиерот, со оваа одлука државата уште тогаш влегла во деловни односи со Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“ Србија. Тој ја праша опозицијата дали во 2023 година имале сознанија за потеклото на капиталот на банката и дали тогаш имале сомнежи за евентуален криминален капитал. Мицкоски ги обвини СДСМ и ДУИ за двојни стандарди, посочувајќи дека денеска ја критикуваат банката за нешто за што, според него, и самите постапувале додека биле на власт.
View this post on Instagram

