Регион

БАКА ПРАСЕ ПРИВЕДЕН ПОРАДИ СЛУЧАЈОТ „АЛТА БАНКА“: Се сомничи дека переле пари со сопственикот Давор Мацура

БАКА ПРАСЕ ПРИВЕДЕН ПОРАДИ СЛУЧАЈОТ „АЛТА БАНКА“: Се сомничи дека переле пари со сопственикот Давор Мацура

Српскиот јутјубер Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, е приведен и ќе биде задржан 48 часа поврзано со „Алта Банка“, објави неговиот тим на Инстаграм. Според информациите што ги добил неговиот адвокат, приведувањето наводно е поврзано со случајот „Алта банка“. Во објавата се наведува дека постои сомневање оти Бака Прасе перел пари за Алта банка и нејзиниот сопственик Давор Мацура. Неговиот тим ги отфрли овие наводи, оценувајќи ги како обична лага и тврдејќи дека Илиќ никогаш не се занимавал со нелегални активности. Претходно беше објавено дека маскирани лица го одвеле од неговиот стан во раните утрински часови. Засега нема официјална потврда од српските институции за наводната поврзаност на инфлуенсерот со истрагата против Мацура.

Жан Митрев