Македонија

МИЦКОСКИ НЕ ПОПУШТА: Практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик

МИЦКОСКИ НЕ ПОПУШТА: Практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик

Премиерот Христијан Мицкоски застана зад предлогот на Министерството за правда, според кој практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага исклучиво на македонски јазик. Тој појасни дека нема да биде овозможено полагање на целиот испит на албански јазик, туку решението ќе содржи два дела. Теоретскиот дел, кој ги опфаќа знаењата поврзани со додипломските студии, кандидатите ќе можат да го полагаат на јазикот на кој го завршиле високото образование. Во Македонија, високообразовни студии се одржуваат на албански, турски и англиски јазик.

(ВИДЕО) Филипче: Ако дојдам на власт, правосудниот испит ќе биде и на албански јазик

Практичниот дел, во кој се симулира судски процес и се опфатени прашањата од кривичната и граѓанската постапка, ќе се полага само на македонски јазик. Мицкоски порача дека македонскиот јазик треба да биде заеднички јазик во правосудниот систем, нагласувајќи дека ова прашање е поврзано со владеењето на правото, а не со политички препукувања. Предлог-решението треба да биде доставено на владина седница.

Жан Митрев