Регион
Дознај прв
НБРМ ГИ ОЛЕСНУВА ИСПЛАТИТЕ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „Алта банка“ ќе можат да ги исплатат и платите и придонесите
Компаниите што редовно исплаќале плати преку „Алта банка“ ќе можат да ги исплатат платите и придонесите, со ограничување до 5 проценти од октомвриската исплата.

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за клиентите на „Алта банка“ АД Битола. Со најновата измена на Решението за администрација се овозможува компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку банката да продолжат со исплатата на платите, заедно со соодветните даноци и придонеси.
Олеснување за компаниите и исплатата на плати
Можноста се однесува на фирмите за кои исплатата преку „Алта банка“ претставува воспоставена практика и кои продолжуваат да ги користат услугите на банката за оваа намена. Износот што може да се искористи од платежната сметка за исплата на платите е ограничен на најмногу 5 проценти од вкупниот износ на платите исплатени во октомври. Со ова се овозможува продолжување на тековните исплати и исполнување на обврските кон вработените и државата, со задржување на контролата врз одливот на средства.
Олеснувања и за физичките лица
Со измената и физичките лица во целост ќе можат да располагаат со новите приливи на своите сметки во „Алта банка“, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени во други банки или од даватели на платежни услуги. Граѓаните, исто така, ќе можат да ги користат средствата што дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа. Од Народната банка посочуваат дека внимателно ја следат состојбата и продолжуваат со приспособување на мерките, со приоритет на заштитата на клиентите и контролата врз одливите на средства.

