Македонија

25 ГОДИНИ ОД ТРАГЕДИЈАТА КАЈ ТРЕБОШ: Тројца припадници на „Лавови“ загинаа во заседа

На 11 ноември 2001 година, тројца припадници на специјалната единица „Лавови“ загинаа во заседа кај тетовското село Требош. Во нападот беа ранети уште тројца.

25 ГОДИНИ ОД ТРАГЕДИЈАТА КАЈ ТРЕБОШ: Тројца припадници на „Лавови“ загинаа во заседа
фото - Македонски Бранители facebook

На денешен ден, 11 ноември 2001 година, тројца припадници на специјалната единица „Лавови“ го загубија животот во вооружена заседа во близина на тетовското село Требош. Тие биле испратени кон селото Џепчиште со задача да обезбедуваат локација на која, според тогашните сознанија, се верувало дека биле закопани шестмина од 70-те киднапирани македонски цивили. Нападот се случил околу 19 часот, кога вооружени напаѓачи отвориле оган од двете страни на патот, користејќи рачни и ракетни фрлачи „зоља“.

Тројца загинати и тројца ранети во Требош

Во засадата загинале Оливер Петрушевски (23) од Куманово, Бобан Трпков (33) од Драчево и Драго Маневски (35) од Марино. Уште тројца припадници на единицата биле ранети, а извлекувањето на загинатите и повредените траело до утринските часови.

Сеќавање на македонските бранители

Денеска се навршуваат 25 години од трагичниот настан кај Требош, во кој животот го загубија тројца припадници на специјалната единица „Лавови“. Нивната жртва останува дел од сеќавањето на настаните од 2001 година.

 

Жан Митрев