Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО ПОВРЕМЕН ДОЖД: Утринска магла и температури до 18 степени

Денеска променливо облачно време со повремени сончеви периоди, утринска магла и слаб дожд во западните и северните делови. Температурите до 18 степени.

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО ПОВРЕМЕН ДОЖД: Утринска магла и температури до 18 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а во одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Претежно во западните и северните делови од земјава се очекуваат повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурите ќе достигнат до 18 степени

Минималните температури ќе се движат од 5 до 9 степени, додека максималните ќе бидат во интервал од 12 до 18 степени. Најтопло се очекува да биде во југоисточните делови од земјата, каде температурата ќе достигне 18 степени.

Во Скопје утринска магла и слаб дожд

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со појава на слаба утринска магла. Во делови од котлината ќе има повремен слаб дожд, а ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 8 до 15 степени.

Жан Митрев