Магазин

НА АУКЦИЈА ОДАТ НАД 300 ПРЕДМЕТИ НА РОМАНОВИ: Накит „Фаберже“, порцелан и сребро од руското царско семејство

Накит „Фаберже“, порцелан, сребро и уметнички дела од колекцијата на Романови ќе бидат понудени на аукција. Избрани предмети ќе бидат изложени во Париз, Женева, Лондон и Њујорк.

НА АУКЦИЈА ОДАТ НАД 300 ПРЕДМЕТИ НА РОМАНОВИ: Накит „Фаберже“, порцелан и сребро од руското царско семејство

Повеќе од 300 предмети поврзани со руското царско семејство Романови ќе бидат понудени на аукција, меѓу кои накит од познатата куќа „Фаберже“, порцелан, сребрени предмети и уметнички дела. Станува збор за дел од колекцијата на њујоршката галерија „A La Vieille Russie“, која ќе им биде понудена на колекционери и инвеститори, пренесува ТАСС. Колекцијата опфаќа предмети од различни периоди и категории, а посебно место заземаат ремек-делата на познатиот златар Карл Фаберже.

Накит изложуван во водечки светски музеи

Дел од предметите од колекцијата веќе биле изложени на големи изложби посветени на творештвото на Фаберже и руската уметност во водечки светски музеи и уметнички галерии. Покрај накитот, на аукцијата ќе се најдат и слики, порцелански и сребрени предмети, кои сведочат за уметничкото и културното наследство на царското семејство Романови.

накит

Избрани ремек-дела ќе бидат изложени во четири европски и американски градови

Пред одржувањето на аукцијата, дел од најзначајните предмети ќе бидат претставени пред јавноста во Париз, Женева, Лондон и Њујорк. Така, заинтересираните колекционери и љубителите на уметноста ќе имаат можност одблизу да ги погледнат избраните експонати пред тие да бидат понудени на наддавање.

 

Жан Митрев