Регион

ВИДЕО ОД НАВОДНОТО АПСЕЊЕ НА БАКА ПРАСЕ: Маскирана единица го изнесува од станот, но дали станува збор за вистинска акција?

На Инстаграм профилот на Бака Прасе е објавено видео од неговото наводно приведување. Неговиот тим го поврзува случајот со Алта банка, но нема независна потврда.

ВИДЕО ОД НАВОДНОТО АПСЕЊЕ НА БАКА ПРАСЕ: Маскирана единица го изнесува од станот, но дали станува збор за вистинска акција?

Ново видео од наводното приведување на српскиот јутјубер Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, беше објавено на неговиот Инстаграм профил. На снимката се гледа како маскирани припадници на единица го изведуваат од неговиот стан и го одведуваат во непознат правец. Неговиот тим тврди дека акцијата е поврзана со случајот со Алта банка, како и дека на јутјуберот му биле одземени автомобилите. Објавата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а главното прашање е дали навистина станува збор за полициска акција или за содржина подготвена за неговиот Јутјуб канал.

Тимот на Бака Прасе ја поврзува акцијата со случајот „Алта банка“

Според тврдењата на неговиот тим, наводното приведување има врска со случајот со Алта банка, а во рамки на акцијата му биле одземени и автомобилите. Сепак, засега нема независна потврда за овие информации, ниту за околностите под кои наводно се случило одземањето на возилата.

прасе

Вистинско приведување или јутјуб драма?

Снимката отвори дилема кај следбениците на Бака Прасе, бидејќи сè уште не е разјаснето дали видеото прикажува вистинско приведување или е дел од инсценирана содржина. Нема официјална потврда за полициската акција, па околностите околу видеото остануваат неразјаснети.

 

ОЗНАКИ: бака прасе
Жан Митрев